Мегафон

Концертниот караван на музичкиот проект “Македонијо во срце те носиме” стартува на 6-ти септември

Концертниот караван на музичкиот проект “Македонијо во срце те носиме” стартува на 6-ти септември

Новиот музички проект во Македонија “Македонијо во срце те носиме”, од 6-ти септември стартува со големиот концертен караван кој што низ целата држава ќе ги посети поголемите градови каде ќе се одржат концерти, кои веруваме долго ќе се паметат.

На концертите ќе бидат претставени и промовирани сите 12 композиции кои досега се претставени пред македонската публика. Македонски изведувачи од светот на забавната и народната музика ќе отпеат 12 македонски патриотски песни со нови современи аражмани, зад кои застанува познатиот музичар и композитор Николче Мицевски.

Меѓу учесниците се: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, ДНК, Огнен Здравковски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска, Зуица Лазова, а на списокот на песни се: „Заветна”, „Налеј, налеј”, „Народе македонски”, „Едно име имаме”, „Земјо македонска”, „Ој, Вардаре”, „Оган да го гори”, „Послушајте патриоти”, „Ми заплакало село Ваташа”, „Море сокол пие”, „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов”.

Целта на целиот проект е да се зачува музичкиот аманет кој ни го оставиле генерации пред нас, да се прегрне Македонија преку некои од најубавите песни. Секоја нумера во изминатиов период се прикажуваше со видео запис, а крајната цел е одржување на осум концерти низ Македонија.

Концертите се закажани за септември и октомври, а последниот најголем ќе биде во Скопје.