Радио Милева
убавицата и рокерот

Александар Јосифовски има нова песна, ама сите останаа подзинати од изгледот на оваа убавица покрај него: Не знаеш дали му е другарка, девојка, сестра или мајка? (ФОТО)

Александар Јосифовски има нова песна, ама сите останаа подзинати од изгледот на оваа убавица покрај него: Не знаеш дали му е другарка, девојка, сестра или мајка? (ФОТО)

Ѕвездата на  Гранд,  македонскиот рокер Александар Јосифовски ги израдува сите со нова моќна рок балада наречена „Уште еден ден за нас“.

 

Охриѓанецот објави нова песна полна со емоции, за која музиката и текстот  ги напиша познатиот српски хитмејкер Бане Опачиќ, а аранжманот го направи самиот пејач со помош на гитаристот Бојан, кој го придружува на сите негови настапи.

„Како ноќ во градите, го носам твоето збогум, со гладна уста  пусто поле косам. Каде си живеела во мене, срцето на сите им го скамени. Би сакал уште еднаш да бидам во твојата прегратка, нека ми биде последното отчукување“ – се стиховите од рефренот на рок баладата што на прва освојува.

Бројните корисници на Јутјуб се воодушевени од песната што Јосифовски премиерно ја изведе во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, а позитивните коментари не престануваат да пристигнуваат.

„Честитки за композиторот, изведувачот и гитаристот, оваа песна е толку моќна.., Секоја чест“, „Ангел се врати на Земјата!“Ти си, без зборови, небесен човек!Браво!“, „Ова е толку маестрално што станува нереално.Ја пуштам песната, затворам очи и патувам низ времето во друга галаксија… Се заљубив во оваа песна“, се дел од коментарите под видеото за оваа феноменална песна.

И додека бројните фанови на Јосифовски се во старт воодушевени, на многумина боде очи им западна една нова фотографија направена на тукушто завршената турнеја низ Австралија, на која Александар ја загреваше публиката пред концертите на мегапопуларните „Бијело дугме“ во најголемите градови на најјужниот континент.

На неа Јосифовски образ до образ со една фасцинантна убавица, која не знаеш дали му е другарка, девојка, сестра или мајка? И додека убавото женско лице до пејачот ги остави многумина со подзината уста, оние што паметат малку подолго, а и оние што се подобро упатени,  добро знаат за кого се работи!

Убавицата на таа но и на други фотографии сликана со младиот пејач е неговта мајка Елизабета Неданоска Јосифовска и сама некогашна, а и сегашна македонска фолк пејачка, која со години живее во далечната Австралија. Велат охридскиот рокер од неа ги наследил музичките гени и талентот за пеењ, но и убавината која е несомнена и кај него и кај неговата атрактивна мајка Бети, која изгледа ногу помладо  за свои години.

Елизабета правеше долга пауза во кариерат, па потоа пред неколку години се врати на фолк сцната со видео спот за една нејзина постара песна која своевремено беше голм хит, насловена: „Ем го мразам, ем посакувам“.

Во меѓувреме, естрадата не и е можеби главен приоритет, но затоа на нејзиниот Александар таа му е главниот ослонец и најголема поддршка како што тоа знае да го направи една мајка.

 

А Елизабета верно го следеше својот син и на концертите низ Австралија на неговата турнеја со Брега, Ален и Тифа…

Фото: Фејсбук/Elizabeta Nedanoska Josifovska & Инстаграм/alexandarjosifovski

 

 

 

Останати вести од Радио Милева