Радио Милева
во фокус

Кога Селма Хаек е гостинка на свадба, никој не гледа во невестата, туку во неа (фото)

Кога Селма Хаек е гостинка на свадба, никој не гледа во невестата, туку во неа (фото)

Латиноамериканскиот пејач и актер Марк Ентони (54), на јавноста најпознат како бившиот сопруг на Џенифер Лопез, повторно стапна на лудиот камен.

Марк Ентони по четврти пат и кажа „да“, овој пат на манекенката Надија Фереира, а на нивната гламурозна венчавка во Мајами присуствуваа голем број познати личности.

Меѓу нив беше и мексиканската актерка Салма Хаек, позната по својот стил кој секогаш привлекува внимание, а тоа беше случај и на оваа свадба.

Таа за оваа пригода избра тиркизен фустан од дизајнерот Џамбатиста Вали, од колекцијата што тој ја претстави пред неколку дена на Неделата на висока мода во Париз.

Во прашање е модел во ефективна пастелна нијанса кој се шири од колковите и паѓа во слоеви од тул, а во преден план е длабокото деколте кое ги истакнува градите на Салма.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Тие беа дополнително нагласени со блескавите детали околу деколтето, а Салма сè заокружи со соодветен накит.

Хаек на Инстаграм сподели фотографија од прославата и напиша:

– Непосредно пред да влезам во автомобилот за да одам и да ја прославам љубовта на моите пријатели Марк Ентони и Надија Фереира. Да живее љубовта! И да живее салсата!

Фактот што Надја ја коментирала оваа фотографија покажува дека на младата жена не и пречело тоа што Салма Хаек е многу веројатно жена која цело време била во центарот на вниманието.

– Ти благодарам, драга Салма. Прекрасно си поминавме – напишала новата сопруга на Марк Ентони.
Салма Хаек е една од жените кои носат облека од најпрестижните светски модни куќи и соработуваат со врвни стилисти, а сепак некако успева да се најде на најлошо облечените листи. Некои ја обвинуваат тоа што речиси секогаш има деколте, некои сметаат дека тоа е нејзиниот главен адут и дека не треба да се откажува од ваквите кроеви, но во секој случај – се зборува за модните комбинации на Салма Хаек.

фото:Инстаграм принтскрин/Селма Хаек

Останати вести од Радио Милева