Промотер

Ќе да има… „Нешто“ во новата песна на Елена Петреска (ВИДЕО)

Ќе да има… „Нешто“ во новата песна на Елена Петреска (ВИДЕО)

„Нешто“ е насловот на новата песна на Елена Петреска, со која пејачката се наптреваруваше на годинашниот Макфест 2017,  но за жал не успеа да се пласира во финале. Баладата е резултат од соработката со шведските композиторки Илва и Линда Персон, кои се погрижија за музиката и аранжманот, а стиховите ги напиша уште една наша Елена, колешката на Петреска  Елена Ристеска. Како коавтори и продуценти на песната се појавува уште еден шведски двоец: Никлас Бергквист – Симон Јохансон, додека гитарските делници ги отсвирел Патрик Ског.

Песната е објавена токму на каналот на двете Швеѓанки, во придружба на стиховно видео и фотографии од неодамнешната фотосесија на Елена Петреска.

Како звучи делото на македонско-шведската авторско-изведувачка комбинација,  можете да слушнете во продолжение.