Радио Милева
Огледалце, огледалце...

Кавадаречки естрадни навики: Цветанка Глигорова и Наташа Малинкова имаат голем мерак одзади… да се фотографираат! (ФОТО)

Кавадаречки естрадни навики: Цветанка Глигорова и Наташа Малинкова имаат голем мерак одзади… да се фотографираат! (ФОТО)

Македонија несомнено е непресушен извор на музички таленти. Ама и во неа има поедини градови кои се „млаз во изворот“, па од таму постојано доаѓаат и нови имиња, ама и постарите добро функционираат. Како Кавадарци, на пример. Таму музичките имиња не само што со години траат, туку почнуваат дури и да наликуваат едни на други… во естрадните навики!

Наташа Малинкова е многу активна и актуелна и со новите песни и наградите што ги добива за своите хитови (две години по ред, во 2016 и 2017  за „Хит испеан од женски вокал“, на МАРС на пример), и по многубројните настапи, ама и по активноста на социјалните мрежи на кои постојано ги изненадува своите следбеници со нови фотографии од типот:  „рај за очи“!

Како онаа последната, од пред неколку дена, сликана одзади со гол грб испишан со навивачки пароли за нашите ракометари!

И не и прв пејачката пат да се слика одзади! Ама изгледа дека и не е единствената „распена кавадарчанка“ што го има истиот мерак… Одзади… Пред фото објективот!

Цветанка Глигорова пошироката јавност ја памети од далечната 1995 година кога победи на „Макфест“ со песната „Не биди слеп“. Оттогаш ја снема, а сепак ја има. Се’ уште активно пее! Само што таа и оваа Цветанка немаат допирни точки… Не барем во изгледот! И тешко дека ќе ја препознаете!  Тогаш буцка, русокоса, со речиси детски имиџ…

Денес, видно ослабена, со манекенска става и раскошни облини, со црна долга коса, ботокс усни и фото пози што будат колективна желба… И нејзнината, како и онаа на Малинкова – со поглед одзади, покрај големото огледало!

А и обете имаат и што да понудат и што да покажат! Моќниот вокал на двете кавадарчанки, како и бујните облини им се заеднички заштитен знак… до сега! Отсега и погледот на атрибутите одзади… во огледалото!

А вие слободно запрашајте го: „Огледалце, огледалце, која има ПОДОБАР…?   Вокал?“

 

Фото: автор – Цветанка Глигорова /за нејзините фотографии/

Извор: Инстаграм

 

Останати вести од Радио Милева