Мегафон
славеничко наградување и дружење

Кате со група „Сарај“ и Душко Ѓорѓиевски се победници на 30-то издание од фолк вечерта на „Охрид фест“

Кате со група „Сарај“ и Душко Ѓорѓиевски се победници на 30-то издание од фолк вечерта на „Охрид фест“

„Носи ме на Долни сарај“ е победничката песна на 30-то јубилејно издание на „Охрид Фест“ отпеана од Катерина Танева заедно со групата „Сарај“.

Душко Ѓеоргиевски со „Златна риба струшка“ пак, е победник од гласовите и одлуката жирито.

Вчеравечер сцената на Долни сарај во Охрид беше местото каде традиционално се собра фолк естрадата, место каде се пееше и дружеше.

Наум Петрески и Лилија Семкова за песната „Посилни од се“, го освоија второто место од публиката, а третото место заврши кај Перо Христов за „Добри луге“.

За задоволство и чувство на натпревадувачки дух имаше доста награди, па така втората награда од жирито заврши во рацете на пејачот Даце Николовски за „Ние љубов сме“, додека третата на Мирко Врретоски за „Рибарска“.

На фестивалот беа доделени и останатите награди, како награда за интерпретација, која ја доби Зуица Лазова, награда од новинарите, а ја доби дуетот Татјана Лазаревска и Новица Василевски, награда за аранжман, кој му припадна на Дамир Имери, награда за најдобар текст на Ѓорги Калајџиев, наградата за дебитант ја освои Марко Трпчевски, а награда за сценски настап на Јуле Николовска. Нгрдадата за најтрубадурска песна ја освои ансамблот „Биљана“, додека наградата „Аце Ангелески“ му припадна на Ристе Наумовски.

„Охрид фест“ три децении по ред остана перманентен и место каде се негува македонската музика која продолжува да се пее и слуша понатаму со години и генерации. На „Охридски трубадури“ се создаваат и спомените од дружбите меѓу естрадните уметници кои овој фестивал го гледаат како одлична прилика и место за незаборавна колегијална дружба каде се слави музиката и искрено се честита.

Вечерва, 02. Септември фестивалот продолжува со интернационалната вечер. Ке слушнеме 15 нови поп- песни, а гостите дојдени специјално за оваа прилика се Божидар Волф, Дарко Капо и Зорица Андријашевиќ, Џими Сион, Срѓан Марјановиќ и Бане Видојевиќ, Гоца Тржан и Принц, Васил Гарванлиев, Неда Украден која ќе добие награда за безвременски хит за „Зора је“, и Дадо Топиќ годинешниот добитник на наградата за ширење музика на Балканот.

фото:Охрид Фест Охридски Трубадури /Фејсбук