Радио Милева
грчки и сирена стил

Ирена Спировска и Марјана Станојковска во специјално издание: Водителките во фокусот на сцената од „Охрид фест“(фото)

Ирена Спировска и Марјана Станојковска во специјално издание: Водителките во фокусот на сцената од „Охрид фест“(фото)

Интернационалниот музички фестивал „Охрид Фест – Охридски трубадури“ е во редот на најстарите во земјава кој ги надмина европските граници со гледаност на дваесетина телевизии и музички канали и секоако со јубилејот кој годинава одбележа три децении.

Атрактивните гости на “Охрид фест” беа вистински предизвик за седмата сила, но голем впечаток оставија и водителките Ирена Спировска и Марјана Станојковска кои го привлекоа вниманието со нивните уникатни фустани.

На фолк-вечерта, водителка домаќин беше Ирена Спировска која смени повеќе тоалети од една позната македонска модна куќа.

Нејзиниот едноставен, но впечатлив фустан остави впечаток  поради кројот во стил на грчката Афродита.

Ирена во него едноставно доминираше, а на нејзиниот профил на социјалната мрежа „Инстарам“ постираше видео како позира задоволна и полна со себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irena Spirovska (@irenaspirovska)

– „Божествена“, „Убавица“, „Како самовила си“, беа дел од позитивните коментари кои се редеа под објавата.

Но, ништо помалку впечатлива не беше ниту  водителката Марјана Станојковска  заедно рака под рака на сцената водеше со  македонскиот актер Васил Зафирчев.

Марјана највпечатлива беше во свечената светкава тоалета припиена за телото налик како сирена со посебен детаљ на цвет доминираше на јубилејното 30 – то издание на „Охрид фест“ на импресивната интернационална вечер, кога Дадо Топиќ ја испеа „Македонија“ песна стара  50 години.

Инаку, според програмата, водители покрај Ирена Спировска (Фолк вечер) и Марјана Станојковска, беа и Васил Зафирчев и Ване Марковски (бекстејџ) кои ги повторуваа ударните реплики на двете фанатстични вечери полни со добра музика каде влезот беше слободен и сите беа добредојдени.

А, ние со причина можеме да се пофалиме дека нашиот портал Вистина. ком.мк  доби фестивалска благодарница за долгогодишна успешна соработка и професионално следење на фестивалот, кој својот јубилеј го прослави со големите пејачки имиња и во вистинска фестивалска атмосфера со што потврди дека е најдобар.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Ирена Спировска/ Марјана Станојковска

Останати вести од Радио Милева