Радио Милева
како да не е истата личност?

Карлеуша денес се тужи со Цеца и се пресметува со Сека преку социјалните мрежи, а само пред некоја година еве како ги фалеше (ФОТО)

Карлеуша денес се тужи со Цеца и се пресметува со Сека преку социјалните мрежи, а само пред некоја година еве како ги фалеше (ФОТО)

Додека таа со колешките во последно време се пресметува преку Инстаграм и Твитер и го искажува своето незадоволство, Карлеуша некогаш беше значително подружеубива и попријатна. Иако не е во добри односи со Ражнатовиќ, Јелена порано знаеше да ја пофали.

На Твитер кружи клип од 2013 година, кога Ј.К. се појави во емисијата на Ивана Балтиќ, во која на екранот се прикажани неколку фотографии од неа и нејзините колешки, кои се идентично облечени како неа.
Првата беше Сека Алексиќ, која носеше слична комбинација во црно-бели линии како Јелена.

„Не ја ни познав. Сè што морам да кажам е дека таа многу ослабела и изгледа многу добро на овие фотографии. Но, тоа нема никаква врска со копирањето. Овој принт сега е во мода. Јас не го создадов овој тренд, па Сека Алексиќ воопшто не ме копира“ – ќе рече тогаш фолк дивата со насмевка.

Карлеуша не се двоумеше да ја пофали и Цеца, кој, само неколку месеци подоцна, облече идентична кадифена тренерка во сина боја.

„За жал, глупаво е да се каже дека заради тренерка некој копира некого. Ако гледам како што треба, ова е Цеца? Јас не ја ни познав ниту неа, како и Сека. Цеца тука личи на мало девојче. Изгледа одлично“ – рече таа во тоа време и ја изненади водителката, како и јавноста со својот коментар.

За жал, Карлеуша денес не ги дели повеќе овие мислења за нејзините колешки! Тоа го забележаа и некои од нејзините (бивши) обожавател(к)и:

„Колку  оваа жена ја уништија Твитер и Инстаграм, не можам да дојдам на себе. Се сеќавам точно на овој период. Па, таа беше една од моите омилени. Беше преубава тука. Навистина тажно. Сега ја изедоа омразата и злобата. Знаеше и да пофали и да се насмее, а сега повеќе не е истата личност“ – напишала на социјалните мрежи бившта обожавателка на Карлеуша.

Останати вести од Радио Милева