Мегафон

Камерниот оркестар од Битола со два концерти во чест на Тоше Проески и Пепи Бафтировски: „Засекогаш во срцата“

Камерниот оркестар од Битола со два концерти во чест на Тоше Проески и Пепи Бафтировски: „Засекогаш во срцата“

Два концерти во чест на нашите безвременски пејачи Тоше Проески и Пепи Бафтировски ќе одржи Камерниот Оркестар на Битола IW конект под насловот „Засекогаш во срцата”. Заедно со Камерниот оркестар хитовите на Тоше и Пепи ќе ги изведуваат: Бојан Маровиќ, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Бојан Стојков, Сефедин Бајрамов, Сара Гигова, Марија Митровска и Марија Цветановска. Концертите се закажани за 24-ти и 25-ти февруари во 20:00.

Билетите се во продажба од понеделник (20.02) во 11:00ч. Продажбата е ограничена на четири билети по човек.