Радио Милева

Калиопи не освои награда на „MAC“, но доби најголеми овации во „Штарк Арена“

Калиопи не освои награда на „MAC“, но доби најголеми овации во „Штарк Арена“
фото: Инстаграм

Вчеравечер заврши второто издание на „Music Awards Ceremonу“ каде што учествуваа голем број на регионални ѕвезди.

Меѓу домаќинките на шоуто беше и пејачката Тамара Тодевска која заедно со Галеб Никачевиќ, Ана Радишиќ беше една од водителките.

Македонската дива Калиопи Букле беше номирана за најдобар концерт, но оваа награда отиде во рацете на Марија Шерифовиќ.

Меѓутоа, Опи имаше спектакуларен настап во „Штарк Арена“ и со песната „Роѓени“ кои сите ја знаат како „Бато“ ги воодушеви присутните во салата.

фото: принтскрин

Таа пред милионскиот аудиториум уште еднаш ги покажа своите вокални способности и уште еднаш ја оправда титулата за поп дива.

За оваа прилика, Калиопи одбра црна комбинација, а во еден момент и „полета“ на сцена.

Останати вести од Радио Милева