Радио Милева
мотивирана

„Кој сака да игра со мене?“ – Иако победникот е однапред познат, Калиопи е подготвена на една партија (видео)

„Кој сака да игра со мене?“  – Иако победникот е однапред познат, Калиопи е подготвена на една партија (видео)

„Не сум губитник ти знај, не се предавам до крај…“ пее македонската под дива Калиопи Букле на која освен музиката која е нејзино главно занимање, таа наоѓа време кога може за да игра тенис.

Нејзината страст кон спортот почна одамна, а тогаш таа изјави дека освен што пешачи по 10 километри дневно на 43 години почнала да тренира и тенис, зошто никогаш не е доцна за ништо во животот.

Сега таа за прв пат, објави кратко бумеранг видео, облечена во спортска облека држејќи го тенискиот рекет подготвена да замавне.

– Кој сака да игра со мене? – напиша таа под објавата која се појави на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Познато е дека Калиопи е жесток навивач и верен фан на српскиот тенисер Новак ,  па  во позитивните коментари се најде и еден шеговит во кој пишуваше кратко и јасно  – „Ѓоковиќ“.

Нејзината инспирација кон тенисот можеби била токму тој бидејќи Калиопи во едно  интервју за српските медиуми јавно го замолила познатиот тенисер за еден индивидуален тренинг.

Калиопи е  вистинска музичка дива, на која ѝ се восхитува публиката од сите генерации, а сега таа докажа дека страста кон тенисот е нејзина голема рекреација.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Калиопи Букле/ Новаќ Ѓоковиќ

 

Останати вести од Радио Милева