Радио Милева
она е или ја?

Како клонирани: Македонската ТВ водителка и новосадската барбика се како сестри близначки (ВИДЕО)

Како клонирани: Македонската ТВ водителка и новосадската барбика се како сестри близначки (ВИДЕО)

Во последниве неколку години постојано се зборува за тоа колку си личат новосадската барбика Наташа Беквалац и нашата ТВ водителка Миа Костова.

Миа неодамна на својот Инстаграм профил постираше едно „стори“ како пее песна од Беквалац,  и во него  опис:  “Она е или ја?”,  алудирајќи на пејачката од соседството.

На Беквалац веројатно тоа и се допаднало, па возврати со тоа што го сподели видеото и на своето „Инстаграм стори“, а многумина воопшто и не ја забележаа разликата помеѓу двете русокоси: Дека на видеото е само гласот на Беквалац, а ликот на нашата Миа.

Но, видеото покажа и нешто друго. Покрај неодоливата физичка сличност на новосадската барбика и скопската ТВ водителка,  очигледно овие две дами имаат и добри пријателски релации.

Оттаму,  можеби некој ќе се досети во иднина доколку на Беквалац и треба двојничка, да ја повика Миа да заигра во некој од наредните видеоспотови на пејачката.

Останати вести од Радио Милева