Радио Милева
Неодлучни

Кајли Џенер го промени името на синот – бебето нема да се вика Волф (видео)

Кајли Џенер го промени името на синот – бебето нема да се вика Волф (видео)

Ѕвездата на реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“ ја сподели оваа вест на Инстаграм, но не го откри новото име на момчето кое се роди пред околу еден месец.

Кајли Џенер објави дека таа и нејзиниот партнер Тревис Скот го смениле името на новородениот син, кого го нарекле Волф.

„Нашиот син повеќе не се вика Волф. Не чувствувавме дека е тој. Сакав да го споделам тоа бидејќи гледам дека сите насекаде пишуваат Волф“, напиша Кајли на Инстаграм.
Таа не го откри новото име.

Кајли ја откри промената на името откако нејзината видео посвета „To Our Son“ собра повеќе од милион прегледи на „YouTube“ за само неколку часа.

Во видеото Кајли покажува приватни снимки кои се направени од моментот кога добила позитивен тест до породувањето. На видеото кое трае нешто помалку од десет минути се бремената Кајли, нејзината ќерка Сторми, партнерот Тревис Скот, но и целото семејство Кардашијан-Џенер.

Во видеото, Кајли покажува детска соба, луксузен подарок за дете и специјално дрво на кое членовите на семејството ги оставиле своите желби напишани на хартија за неродено момче.

фото:инстаграм/кајли џенер

Останати вести од Радио Милева