Радио Милева
временски (не)прилики

„Каде да се обратиме, знае некој?“ И познатите Македонци бараат помош од оваа временска „прогноза“, а Игор Џамбазов ги прати на лекар… по дијагноза (фото) 

„Каде да се обратиме, знае некој?“ И познатите Македонци бараат помош од оваа временска „прогноза“, а Игор Џамбазов ги прати на лекар… по дијагноза (фото) 

Временската прогноза се менува од час во час. Токму поради тоа најдобро да проверуваме и да си веруваме само на себе, па тоа што ќе го облечеме или тоа што го имаме во план да го правиме најдобро да го заборавиме. Па, како да останеме нормални и каде да се обратиме за помош и излез од оваа ситуација се запрашаа и познатите личности на социјалните мрежи.

И додека на некои од познатите Македонци им направи проблем со штотуку перената кола на некои им остана валкана за да не се пере пред дождот… други останаа со „упропастена“  фризура после фризер и така  сите бараа помош каде да се обратат погодени  од вакви временски (не)прилики.

Најпрво, Снеже Велков го „искара“ април дека има криза на идентитетот – „мисли дека е октомври“ – напиша таа и побара помош: „Каде да се обратиме, знае ли некој?“

Како утеха ,таа постираше едно кратко „стори“ за да повика сонце и убаво временце.

Но, водителката не си ја заврши планираната работа.

„Колата ми е гнасотилук. А што и да ја перам кога пак ќе врне. Друго ништо. Еве си седиме“  – кратко и јасно се правдаше Снеже.

Уште една непријатна ситуација со колата му се деси и на водителот и маркетинг менаџерот, Димитар Атанасовски, кој не и верувал на прогнозата и веќе завршил работа во пералната за автомобили, па горко се покаја.

„А ја исправ бе“ – се пожали тој на следбениците, надополнувајќи го видеото со песната:  „Why, why, why, Delilah“  во изведба на Том Џонс за да покаже колку сето тоа му падна тешко.

Додека некој испадна „дилајла“ перејќи го валканиот автомобил непсоредно пред дождот, водителката Елена Стојановска чекаше евакуација од паркот, а во непријатна ситуација се најде и нејзината долга коса.

„Додека си чекавме евакуација на лулашки“.

П.С. „Пред дождот бев на фризер.“ – се пожали таа.

И додека дни се жалеа, други плачеа на ваквите временски (не)прилики, Игор Џабазов по ваквата априлска непогода ги прати сите „нормални“ да одат и да си се проверат.   Тој ги „обвини“  дека нешто не е во ред со нив ако не се на метеопатски маки после ова временско лудило.

„Сите вие што се чувствувате добро на вакво време, да одите да си се проверите. Нешто не е во ред со вас“.

„Маки наши метеотатски…“ – напиша тој, а следбениците му потврдија дека тоа е подобрата опција.

„Подобро метеопат, од психопат“,  но некои на тоа се пожалија па му напишаа дека сега излегува најнормално, тие што не се метеопати сигурно се „обратни“.

Но, на крај на денот сите слатко се изнасмеавме, а тоа секако е и најважно кога веќе времето е врнеживо и влажно!

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева