Живот и Стил

Исчистете ја крвта од сите токсини во организмот – многумина немаа поим за овој метод, но докторите го препорачуваат

Исчистете ја крвта од сите токсини во организмот – многумина немаа поим за овој метод, но докторите го препорачуваат

Доколку имате наоди кои што укажуваат на ова заболување, тогаш топло се препорачува овој лек.

Поради брзиот начин на живот, лошата исхрана и недостатокот на физичка активност, зголемениот холестерол во крвта е болест на сегашноста.

Некогаш зголеменото ниво на холестерол можело да се забележи како масно ткиво во жолта боја на горниот дел од очните капаци или пак на некои други делови од вашето тело, а за жал на почетокот од ова заболување нема некои други симптоми.

Со напреднувањето на оваа болест доаѓа и до задебелување на ѕидовите на крвните садови, атеросклероза, за која што допринесуваат и други фактори (пушење цигари, алкохол, никотин), а сето тоа за жал резултира со цереброваскуларни заболувања кои што се водечка причина за смрт, како во светот, така и кај нас.

Единствениот начин да дознаете дека имате зголемено ниво на холестерол во крвта е по пат на лабораториски анализи.

Доколку анализите покажат дека имате холестерол во крвта, тогаш треба да го пробате овој лек, за кој ќе ви бидат потребни јаболков оцет и смокви.

Лекот треба да го подготвувате навечер за да може да го испиете наутро.

Земете три смокви и добро избодете ги со чапкалки за заби од сите страни, а потоа ставете ги во стаклен сад во кој што сте ставиле 2 децилитри домашен јаболков оцет.

Доколку сте ги ставиле смоквите навечер во 20 часот, тогаш истите треба да ги изедете наутро во 8 часот.

Остатокот од јаболковиот оцет не го фрлајте туку во истиот наредната вечер ставете уште три смокви, на истиот начин.

Тие 2 децилитри јаболков оцет користете ги 7 дена, а осмиот ден земете нови 2 децилитри домашен јаболков оцет и продолжете ја постапката уште една седмица.

Лечењето со овој лек трае 14 дена и покрај тоа треба да се храните здраво и да ја зголемите вашата физичка активност.

По половина месец, повторно направете анализа на крвта, да видите дали лекот е ефикасен.

извор: точка.мк