Радио Милева

Ирина Шајк „уловена“ кога најмалку се надевала, но стилизирана за 10-ка!

Ирина Шајк „уловена“ кога најмалку се надевала, но стилизирана за 10-ка!

Њујоршката кралица на уличниот стил се вратила од летување, па веднаш папарацо фотографите успеале да ја „уловат“ на улица.

Руската манекенка Ирина Шајк одредено време поминала на европските крајбрежја – Грција, Италија и Шпанија, а со своите фотографии од плажа привлекла големо внимание:

Фановите ја „распнаа“ Ирина Шајк поради фотографии во бикини: „Изгледа како тетка ми, толку пари и тренинзи и има целулит“

Руската манекенка Ирина Шајк одредено време поминала на европските крајбрежја – Грција, Италија и Шпанија, а со своите фотографии од плажа привлекла големо внимание: додека едни ѝ се восхитувале, други ја критикувале поради целулитот.

Во секој случај на одморот му дошол крај, па така една од нашите омилени трендсетерки животот го враќа во вообичаен ритам.

Ирина го посетила Вито Шнабел, трговец со уметности и сопственик на една њујоршка галерија со кој Ирина претходно била во љубовна врска.

Ирина иако се обидувала да се скрие од папарацо фотографите, сепак тие успеале да ја фотографираат.

Таа овојпат успеала да ги спои удобноста со атрактивноста. Носела црна маица, како и комотни панталони и кожни сандали од брендот „Burberry“.

Значи, удобно, лежерно и многу атрактивно. Ирина можеби не се трудела да остави голeм впечаток, но сепак пак била забележлива.

Ви се допаѓа ли?

Останати вести од Радио Милева