Радио Милева
Гола во ресторан

Шокантно издание: Сопругата на Кајне Вест во бикини на јавно место (видео)

Шокантно издание: Сопругата на Кајне Вест во бикини на јавно место (видео)

Многумина го обвинуваат раперот Кајне Вест дека ја манипулирал сопругата и ја терал да носи вакви бизарни изданија како сега.

Бјанка Сенсори привлече голем интерес во јавноста со своите шокантни разголени изданија, за кои многумина го обвинуваат влијанието на познатиот музичар.

Двојката сега е забележана во Лас Вегас како го слави 29-тиот роденден на Бјанка, а папараците ги снимија пред казино.

Славеничката за оваа пригода избра минијатурен горен дел од бикини, кој практично беше направен од две прерамки и од кој и се прелеаа бујните гради, а беше и боса.

„Ова е тажно за гледање“, „Кајне ја користи само за да биде во центарот на вниманието“, „Кутра жена“ – ова се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Инаку, Кајне неодамна на социјалните мрежи ја објави голата фотографија на Бјанка со која свечено објави: „Оваа година нема панталони“, а изгледа не се шегуваше, бидејќи Бјанка сега носеше здолниште.

Да потсетиме, многумина го обвинуваат раперот дека ја манипулирал сопругата и ја терал да носи вакви бизарни изданија, а сметаат дека на Бјанка и е потребна помош.Но, таа заклучи дека нејзините следбеници и се  само љубоморни на нејзината новооткриена слава.

Фото: Printskrin/Instagram/page six/X

Останати вести од Радио Милева