Радио Милева
Не сака помош

Погледнете го плакарот на Парис Хилтон која е „тешка“ 300 милиони долари, ама самата го средува (фото)

Погледнете го плакарот на Парис Хилтон која е „тешка“ 300 милиони долари, ама самата го средува (фото)
фото:профимедиа

Парис Хилтон е најпозната како наследничка на славниот луксузен хотелски ланец Хилтон. Иако се обидуваше да се занимава со глума и пеење, ниту една од тие кариери не беше за неа.

Парис започна да заработува пари од реалното шоу „Едноставниот живот“ од 2003 до 2007 година. Својата автобиографија ја објави на само 23 години, а книгата се најде на списокот на бестселери на Њујорк Тајмс.

Парис ја лансираше својата линија на разни производи, од козметика, чевли, облека, чанти, очила за сонце, облека за кучиња … Најисплатливи беа парфемите, со кои собра вистинско богатство. Досега лансираше 24 од нив и секој се продаде добро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Парис е многу активна на социјалните мрежи, особено откако стана мајка.

“Јас го чистам плакарот! Кој сака да ми помогне да го поправам”, напишала богаташката и го покажала плакарот полн со скапоцени работи, а првото нешто што паѓа во очи е кристалниот лустер.


Дека Париз обожава кристални лустери може да се види од фактот дека ги има дури и во оддалечените ходници.

фото:Instagram printscreen/ parishilton

Останати вести од Радио Милева