Радио Милева
повеќе од зборови

Илина и Игор повторно заедно: Изразот на лицата покажа дека не им е сеедно, само остана дилемата дали меѓу нив дискретно има „нешто конкретно“? (фото) 

Илина и Игор повторно заедно: Изразот на лицата покажа дека не им е сеедно, само остана дилемата дали меѓу нив дискретно има „нешто конкретно“? (фото) 

Во најновото издание на емисијата на Снеже Велков „Нешто конкретно“ меѓу гостите се најдоа македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов и алпинистката и уметница Илина Арсова со која  тој беше во врска, а јавноста е запознаена дека сега тоа е веќе минато.

Дека тие останале во добри односи потврдија и сега кога заедно застанаа пред фотообјективот, а за фотографијата да биде комплетна им се придружи и водителката која реши да ги спои.

Па, додека Илина на кратко се врати во Македонија Снеже искористи прилика и се сети да направи нешто конкретно со овие две персони во нејзината емисија.

Нејзината покана со или без двоумење, сепак  ја прифатиле, а дали поединечно биле известени дека ќе се најдат во студиото со поранешната љубов засега не е познато.

Имено, на социјалната мрежа Инстагарам се појави видео кое сите ги остави во неверување.

Илина и Игор повторно заедно во студиото позираа насмеани и прегрнати, со придружба на главната иницијаторка за оваа емотивно-носталгична средба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by zase.mk (@zasemakedonija)

Нивната  љубовна врска и по разделбата сѐ уште буди интерес во јавноста  и не е заборавена од никого, особено по  заминувањето на Илина во САД.

Обожавателите  не беа сигурни во тоа што го гледаат и не веруваа дека  случајно се заедно на телевизија, туку беа речиси убедени дека повторно се разгорело жарчето што се изгаси откако одлучија да се разделат на пријателски начин.

Какви чувства се јавиле кај нив двајцата сега кога се сретнаа по долгиот период е нешто што се гледа на нивните лица, израз кој говори повеќе од сите зборови.

Фото: Printskrin/Instagram/nestokonkretno1

Останати вести од Радио Милева