Промотер

Игор Џамбазов и Гуру Харе со смут лајт џез верзија на легендарната македонска песна – „Ако умрам ил’ загинам“ (АУДИО)

Игор Џамбазов и Гуру Харе со смут лајт џез верзија на легендарната македонска песна – „Ако умрам ил’ загинам“ (АУДИО)

По неодамнешната промоција (4 јули 2023 година) во една нова пивницатаво скопско Дебар мало  на новиот албум на Игор Џамбазов и Гуру Харе насловен „Првите триесет“, која имаша мошне голем одзив и по присутноста и по медиумската прашина што се крена, од компилацијата најдобри нивни остварувања еве нов сингл. Темата стара добропозната, особено кај онаа повозрасната фолк публика, зашто „Ако умрам ил загинам“ на легендарниот Јонче Христовски е вистински фолк евергрин кој Џамбаз и Харе покажаа дека може да звучи и сосема поинаку… Како смут лајт џез тема, аражмански спакувана да може да се свири на електрична гитара и отпее, небаре е настаната во зачадените, темни њуројоршки џез клубови.

По преработката на „Заветна“ која кај овие двајца звучи како Пепи Бафтировски и Гери Мур да седнале да пијат, пеат и свират на иста маса и „Ако умрам ил загинам“ е уште едно парче македонска душа претопена во понаков манир, како дел од колекцијата на Џамбазов и Харе од се што заедно направиле во изминативе три децении колку што обајцата соработуваат.

Како звучи нивната верзија на легендарната боемска тема тема, слушнете во продолжение: