Радио Милева
Музичарот повторно стана угостител

И се врати на старата љубов, ама не ја заборави ниту првата: Коки, колку ве плаќа газдата за настап…?

И се врати на старата љубов, ама не ја заборави ниту првата: Коки, колку ве плаќа газдата за настап…?

Коки Јанков, познатиот музичар од некогашното легендарно дуо „Дуле и Коки“, откако по смртта на Дуле најпрвин ја оформи групата „Тајфата“, деновиве реши  повторно да и се врати на старата љубов –  угостителството! Имено, тој пред извесен број години заедно со Дуле го држеше познатиот скопски ресторан „Балканика“, па како искуството во оваа област не му недостига, пред неполна седмица  реши да го отвори својот ресторан „Кригла“, лоциран веднаш до Владата на Република Македонија.

Таму на своите гости Коки и неговиот персонал и нудат оригинална штипска пастрмајлија, разни домашни пити и други домашни специјалитети.

Но, покрај добрата храна и пијалок, брзата услуга и пристапните цени, гурманите се и љубители на убав амбиент кој го надополнува и убава музика.

Затоа газда Коки реши за овој сегмент од угостителството, сам да се погрижи! Така, атмосферата во неговиот локал  за почеток ќе ја збогатат звуците на „Тајфата“, со познати песни од богатиот репертоар на нивни изведби! Или со други зборови, Кои реши да биде ем стопан, ем музичар во сопствениот локал!

Мудро, нема што! Единствено останува нејасно, како ли ќе одговори на прашањето: „Коки, колку ве плаќа газдата за настап во Кригла?“

 

Останати вести од Радио Милева