Радио Милева
честитки

Грст честитки и прослава со пријателите: Лина Пејовска имаше повод за славење (фото)

Грст честитки и прослава со пријателите: Лина Пејовска имаше повод за славење (фото)
фото: инстаграм/лина пејовска

Младата и талентирана пејачка Лина Пејовска на публиката стана позната по нејзиното учество во регионалните музички шоу каде што ја освои публиката со својот музички талент.

Често добиваше и позитивни коментари за нејзиното пеење, а ја имаше и таа чест да запее со еден од најдобрите хрватски вокали – Нина Бадриќ.

Пејовска деновиве имаше убав повод за славење, а на нејзината адреса пристигнаа бројни честитки.

Имено, таа славеше роденден. Бидејќи попуштија здравствените мерки за заштита од коронавирусот, за разлика од претходната година, кога славеше полнолетство во домашни услови, Лина овојпат роденденот го прослави во едно кафуле.

фото: инстаграм/лина пејовска

За ова прилика, славеничката се одлучи за бело кратко фустанче кое одлично и прилега на нејзина фигура.

фото: инстаграм/лина пејовска

На роденденската прослава присуствуваа пријателите на пејачката, а меѓу нив и македонскиот пејач Огнен Здравкоски.

фото: инстаграм/лина пејовска

Огнен и Лина се добри колеги и другари, па често може да ги видиме заедно.

Инаку, Лина наполни 19 години. Среќен роденден.

 

Останати вести од Радио Милева