Промотер

Ѓоко Јовиќ секој ден тоне во нејзините – „Очи океани“ (ВИДЕО)

Ѓоко Јовиќ секој ден тоне во нејзините – „Очи океани“ (ВИДЕО)

Македонскиот фолк пејач Ѓоко Јовиќ ја објави својата нова песна. По минатогодишните хитови со кои ја зацврсти својата позиција на домашната музичка сцена, ги освои срцата на нашинците во прекуокеанските земји, но и се обиде да направи пробив на регионалната естрада, пејачот изненади со песна, која воопшто не е народна.

Неговата „Очи океани”, ако ги затворите очите без да го гледате видеото или за прв пат ја слушнете на радио, ќе помислите дека е нова песна на Влатко Лозаноски. Имено, Ѓоко така мајсторски ја отпеал, што во интерпретацијата помалку и потсетува на Лозано, а песната наликува на неговите хитови.

А како и не би, кога неа ја потпишува к братско-сестринскиот авторски тандем, композиторот и последниве години најголемиот наш  хитмејкер Лазар Цветкоски и неговата сестра, текстописецот и женски вокал, Магдалена Цветкоска-Ена.

Кога на сето тоа ќе се додаде убавата за око визуелизација на песната, која е направена за време на престојот на Јовиќ во Австралија, а е снимена во Сиднеј, станува повеќе од јасно дека Ѓоко Јовиќ може слободно да бира кому ќе конкурира: на најголемите ѕвезди и од забавната и од македонската фолк естрада… иако тој по многу нешта веќе оддамна е меѓу нив!

Видеото го потпишува M16 – Sydney“ односно Беби и Омер, а покрај авторскиот, комплетниот музички дел (снимање, микс, мастеринг, продукција) го изработил Лазар Цветковски, додека Ѓоко и Ена ги пеат и придружните вокали во песната.

Како звучи и изгледа визуелизацијата на новиот хит на Ѓоко Јовиќ – „Очи океани“, проследете во продолжение: