Радио Милева
нов славенички момент

„Фотографија малку подоцна“: Милена Антовска имаше повод за славење, а фановите ги остави да чекаат и да ѕиркаат во мобилниот (фото) 

„Фотографија малку подоцна“: Милена Антовска имаше повод за славење, а фановите ги остави да чекаат и да ѕиркаат во мобилниот (фото) 

Времето лета па, понекогаш не сме свесни дека и годинава веќе пристигнал оној посебен ден, кога имаме причина за славење.

Токму тоа и се случи на македонската водителката на Канал 5 ТВ, Милена Антовска која на социјалната мрежа Инстаграм стави ланска фотографија за важен ден.

Имено, таа на социјалната мрежа на кратките приказни најпрво со стара спомен фотографија  им го честиташе  денот кога нејзините родители слават годишнина, а нејзиниот татко и 68 – от роденден.

– Тато среќен роденден да си ни жив и здрав нека ви се среќни 40 години брак со мама среќни сме што ве имаме“ – но во продолжение таа напомена дека ова е од лани, а од оваа година фотографија ќе има, но малку подоцна.

Милена откако ја сподели спомен фотографијата за да го одбележи славеничкиот момент, таа ја објави новата свежа фотографија за која ги остави фановите да чекаат и на која напиша:

– Тато среќен роденден – кратко и јасно стоеше во објавата.

Таа позираше со нејзиниот татко, а во рацете ја држеа тортата со големи бројќи. На првата фотографија Милена го бакнува татко и, додека на втората само позираат.

Милена не е резервирана и јавно ги споделува убавите моменти и кога станува збор за приватноста со цел да ги израдува нејзините фанови и што подобро да ја запознаат нивната  харизматична водителка.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Милена Антовска

Останати вести од Радио Милева