Мегафон

Филмски песни наградени со „Оскар“ на Оскаровската вечер во МОБ

Филмски песни наградени со „Оскар“ на Оскаровската вечер во МОБ

Во пресрет на 96. доделување на филмските награди „Оскар“, во Националната опера и балет во среда (28 февруари) во 20 часот ќе се одржи првата Оскаровска гала вечер. Најубавите филмски песни наградени со „Оскар“ ќе бидат изведени од врвни поп и оперски пејачи во придружба на оркестарот на Национална опера и балет и Националниот џез оркестар.

Диригент е Бисера Чадловска, а настанот е во режија на Дејан Прошев. Водителка ќе биде Миланка Рашиќ. Настанот ќе започне со црвен тепих во 19.30 часот.