Мегафон
музички настани

Еве кој се’ ќе настапува на „99 megastars“ на 30 ноември во „Јане Сандански“

Еве кој се’ ќе настапува на „99 megastars“ на 30 ноември во „Јане Сандански“

Македонски поп-пејачи кои најголемите хитови ги имаа на крајот од деведесеттите, ќе одржат заеднички концерт во Скопје, на 30 ноември, од 20 часот во салата „Јане Сандански“.

На настанот наречен „99 megastars“ според најавите на официјалната Инстаграм страница на органнизаторот ќе настапат: Марјан Стојаноски, Бојана Скендеровски, Александар Митевски, Андријана Јаневска, Арбен Бени Шаќири, Верица Пандиловска, Искра Трпева, „Пис брадрс“, Маја Гроздановска-Панчева, Ребека Јанковска-Ристески, Ристо Самарџиев, Арчи, Александар Ристовски-Принц, Тони Зен, Ламбе Алабакоски и Кристина Арнаудова. Како водители на шоуто се најавени Миа Костова и Мартин Трпчевски кои по долги години повторно соработуваат, откако во 1999 година го водеа музичкото шоу „99 action“, па оттаму и името на музичкиот настан. како водители плус ќе се појават и Игор Џамбазов и Марјана Станојковска.

Влезот на концертот ќе биде бесплатен со регистрација, а точните информации ќе се објават на 18 ноември.

Концертот ќе се одржи на бина од 120 квадратни метри, а уреден ќе биде просторот пред салата, наменет за сите оние кои нема да можат да влезат на концертот. Публиката надвор ќе може да се послужи со бесплатен чај. Најавени се и игри на среќа од Државната лотарија на Македонија.