Промотер

Андријана Јаневска и Игор Џамбазов на „Златна бубамара“ го имаа најемотивниот настап – „Ми заплакало селото Ваташа“ (ВИДЕО)

Андријана Јаневска и Игор Џамбазов на „Златна бубамара“ го имаа најемотивниот настап – „Ми заплакало селото Ваташа“ (ВИДЕО)

Вчеравечер, недела, 26 март 2023 година се премиерno  беше емитувано на 26. издание на „Златна бубамара на популарноста“,  на телевизија Канал 5.

Меѓу сите изведувачи, Андријана ЈаневскаИгор Џамбазов и хорот „Мирче Ацев“ се чини дека оставиja најсилен впечаток кај гледачите и во салата и на ТВ со нивната фасцинантна изведба на песните „Ми заплакало селото Ваташа“ од Лазар Манчевски и „Цветови“ од Славко Јаневски.

Бура од емоции предизвика пеењето на Андријана Јаневска и рецитирањето на Игор Џамбазов.

Еден од најдобрите македонски вокали ја запеа „Ми заплакало селото Ваташа“, а актерот и шоумен ја рецитираше „Цветови“ од Славко Јаневски.

Снимката од емотивната изведба ја сподели и самиот Игор Џамбазов, а неговата колешка Андријана Јаневска додаде:
„Игор, ми беше чест што настапував покрај тебе. Огромна благодарност и до хорот ‘Мирче Ацев’, кој со својата врвна изведба ѝ даде уште поголема моќ на песната!“ – споделила Јаневска.

Инаку, ова се  песни се посветени на масакрот во с. Ваташа, крвав настан кој се случил на 16 јуни 1943 година, кога биле стрелани 12 младинци од селото Ваташа во близина на Моклиште кај месноста „Чаир“, на 2 км оддалеченост од с. Ваташа.Колежот го извршила бугарската воjска и полициски одреди на чело со капетан “Борис Жеглов под команда на полковник Љубен Апостолов, командант на 56. Велешки пешадиски полк од Петтата бугарска армија.

Проследете како сето тоа звучеше и изгледаше на „Бубамара“(КЛИКНИ ТУКА):