Радио Милева
Нова енергија за нови почетоци

Емина Јаховиќ дојде во Скопје да го пронајде сопственото јас- „Бев изгубена од својата вистина на која и се враќам“ (фото)

Емина Јаховиќ дојде во Скопје да го пронајде сопственото јас- „Бев изгубена од својата вистина на која и се враќам“ (фото)

Поголг временски период по разводот од Мустафа Сандал, пејачката Емина Јаховиќ е во медиумскиот фокус со нејзиниот приватен живот.

Професионалниот дел е ставен во втор план, што на Емина очигледно и се смачи, па дојде да си го бара чарето во Скопје, и тоа на проверено место.

Нејзината станица деновиве беше студиото на македонскиот композитор Дарко Димитров со кого соработуваше и порано, а овој пат како што вели, дошла во Македонија да работи на нова музика и да се пронајде себе си.

-Во два дена завршивме три неверојатни песни и едвај чекам да ја почувствувате новата енергија, поинаков звук, љубов и труд. Најпосле и се враќам на музиката, на себе и на моите фанови… И најважно на самата себе, од што бев оддалечена во последно време. Фала ти Боже.

Во прилог Емина објави неколку фотографии заедно со Дарко, а слободното верме го искористи за релаксација низ скопските ресторани каде се сретна и со нашата Лила со која направија фотка, а Лила ја сподели јавно и ја дополни со ласкав комплимент.

-Преубава и во живо, напиша Лила.

Уметниците велат дека кога во животот им се случуваат најсилните турбуленции, тогаш изглегуваат и најубавите дела.

Каква ќе биде новата енергија, љубов и труд од Емина, осанува да видиме…

фото:Инстаграм/Емина Јаховиќ/Лила Филиповска

Останати вести од Радио Милева