Промотер

Елена Ристеска и италијанскиот DJ Sparadise заедно во – „Hard to be in love“ (ВИДЕО)

Елена Ристеска и италијанскиот DJ Sparadise заедно во – „Hard to be in love“ (ВИДЕО)

Македонската пејачка Елена Ристеска и познатиот италијански диџеј Франческо Спарачело или Dj Sparadise имаат заедничка нова песна отпеана на англиски јазик .

Соработката помеѓу италијанскиот диџеј DJ Sparadise и Елена се роди пред повеќе од една 0година, кога познатиот диџеј бараше соодветен вокал и мелодија за неговата тогашна трака која излезе на сите музички платформи под капата на “Арџента рекордс” од Италија на 10-ти декември 2022 година.

Тој пробал голем број на пејачи да ја донесат песната според неговите стандарди, но сепак единствено Елена успеала да ја испее според идејата на Франческо. Текстот на песната е на Елена и се вика „Тешко е да се сака“, односно „Hard to be in love“.

Единствено специфичниот вокал на Елена и прекрасната мелодија на македонскиот продуцент и композитор Лазар Цветковски успеаја да ја направат оваа песна совршена според замислата на овој диџеј, кој заедно со Алесандро Ло Нигро исто така работеше на аранжманот.

Оваа песна на Елена која патем  годинава слави 20 години од својата кариера, доаѓа по речиси петгодишна пауза, откако таа повеќе и се посвети на својата козметичка линија и парфемот од нејзиниот бренд „Ера“, а последниве месеци се обидува да биде и извршен продуцент, откако почна да менаџера неколку млади македонски пејачи.

Слушнете како звучи „Hard to be in love“ и проследете го анимираното видео за песната (КЛИКНИ ТУКА):