Радио Милева
прва радост

Елена Миленковска и Гуте го прославија првиот роденден на нивната ќеркичка: Малата принцеза Миона, толку мала, а толку голема во очите на мама

Елена Миленковска и Гуте го прославија првиот роденден на нивната ќеркичка: Малата принцеза Миона, толку мала, а толку голема во очите на мама

Не тајна дека некогашните „Гранд ѕвзди“,  брачната двојка Елена Миленковска – Гуте Mаринковиќ важат за еден од најскладните и најхармонични брачни парови. Нивниот брак во могу нешта наликува на совршен, а семејната хармонија ја надополнува онаа музичката, која е дел од нивната професија.

Плод на нивната љубов најпрвин е синчето Максим, а лани, токму во месец септември 2022 година, „штркот во нивното семејно гнездо им ја донесе“ и малата Миона, која ја заокружи убавата целина на нивната љубовна приказна.

Токму нивната мала принцеза сега, една година подоцна, го славеше својот прв роденден. А кога е во прашање „денот што го чекаме цела година“, тој никако не може да мине без тортата.

Мама Елена тато Гуте и бато Максим покрај неа, а на тортата запалена првата свеќичка која се рзбира треба да се дувне со најпознатата роденденска песничка: „Нappy birthday“…

А потоа еден бакнеж за славеничката од целото семејство собрано околу тортата за првиот роденден магија да се стори… И се стори. За малата принцеза и нејзиното братче, сладење со шлагот и тортатата…

Додека мама Елена ја надвладаа емоциите и сеќавањата…

„Пред само една година, а како да беше вчера“ – најпрвин напишала пејачката заедно со споделената прва фотографија од малечката Миона, веднаш по породувањето. Но тука не застана со напливот на чувства и сеќавањето:

„Од првиот ден те гледам вака заљубено и засекогаш ќе те гледам така. Така си малечка, а толку голема“ – споделила Елена на фотографијата која ги топи срцата на сите мајки. нејзиното секако, најмногу, зашто нејзината Миона навистина иако толку малечка за не е  и тоа како „голема мома“!

На крајот благослов од мама: „Помина цела година откако бевме благословени со тебе, наше малечко.Ние уживаме во тие благослови секој ден.Среќен прв роденден за тебе.  Те сакаат бескрајно, тато, мама и бато“!

Нека и е среќен првиот роденден!

Фото: Инстаграм/elenamilenkovskaa/saradivojevicphotography

Останати вести од Радио Милева