Радио Милева
љубовен ритам

Од „Ѕвездите на Гранд“ не излегуваат само ѕвезди, туку и бракови: Македонската пејачка не ни насетуваше нешто вакво – „Да знаевме што се’ не чека…“ (фото)

Од „Ѕвездите на Гранд“ не излегуваат само ѕвезди, туку и бракови: Македонската пејачка не ни насетуваше нешто вакво – „Да знаевме што се’ не чека…“ (фото)

Пред повеќе од четири години судбината ги соедини да бидат на иста сцена, денес токму таа судбинска средба ги смести под ист кров, во проширен состав  и со многу љубов.

Музичката двојка Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ периодов имаат убави спомени од она што им се случуваше пред неколку години. Сега нивниот брак во могу нешта наликува на совршен, а семејната хармонија ја надополнува онаа музичката, која е дел од нивната професија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gute Marinkovic (@gute.marinkovic)

Нивната животна приказна се развиваше со запознавањето во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, од каде и двајцата дојдоа да се натпреваруваат, а завршија како сопружници.

Победник од ова шоу беше љубовта која во месец јануарри ја крунисаа  со граѓански брак, додека во февруари пред четири години направија и свадба.

-Денес започна петтата година од нашиот брак. А ова е нашата прва фотографија. На оваа фотографија сме само двајца пријатели кои само што се запознале, а некој да ни кажеше што се’ не чека… Се’ што беше и за се што доаѓа, те сакам, напиша Елена во описот за фотографијата од која ја навјасаа спомени од времето кога со Гуте немаа ни претстава до каде ќе стигнат нештата.

На 22-ри февруари се случи еден на друг да си ја отпеат песната на првиот свадбен танц, а оттогаш редовно да танцуваат во љубовен ритам благословени од бога со две дечиња кои се нивниот универзум – Максим и Миона.

фото: Instagram printscreen/ elenamilenkovskaa

Останати вести од Радио Милева