Радио Милева

Џим Кери предизвикува на Инстаграм: „Мојата бесмислена трансформација, приклучете ми се!“ (фото)

Џим Кери предизвикува на Инстаграм: „Мојата бесмислена трансформација, приклучете ми се!“ (фото)
фото:џим кери/инсатграм

Секојдневно на социјалните мрежи осамнуваат нови предизвици, а кон овој виртуелен тренд се приклучи и актерот Џим Кери.

Славниот американски комичар  никогаш не престанува да не засмејува, а сега открил дека ќе пушта брада за време на самоизолацијата и дека ќе ја забележува својата трансформација на социјалните мрежи.

Џим со децении не засмејува во филмови и ТВ емисии, а сега тоа продолжува да го прави и за време на пандемијата на коронавирусот.

Добитникот на два Златни глобуси одлучил да “им помогне” на своите фанови што полесно да минат низ самоизолацијата и ги повикал да му се приклучат во предизвикот.

Тој минатата недела поставил фотографија од своето лице со опис:

“Ден 1. Ќе пуштам брада додека сите не се вратиме на работа. Ќе поставувам фотографии за да можете да се восхитувате на чудото од мојата бесмислена трансформација. Приклучете ми се”, напишал Џим.

фото:џим кери/инсатаграм

Досега објавил три фотографии, а последната, како што навел, е направена на петтиот ден од карантинот.

На ова се одлучил откако Центарот за контрола на болести ги советувал мажите да се избричат, бидејќи брадата би можела да му пречи на респираторот во случај на заболување од коронавирусот.

Кери неколку пати во минатото имал голема брада, а посебно било забележано неговото појавување на доделувањата на Златните глобуси во 2016-та година.

фото:џим кери/инсатаграм

Бил непрепознатлив и како тивкиот Хермит, додека глумел во филм со Џејсон Мамоа.

Неговиот нов стил го претставил во филмот “Sonic”, каде го игра докторот Роботник, кој има само остри мустаќи без брада.

Останати вести од Радио Милева