Радио Милева
Солзи и лавина емоции

Дури тројца победници во „Никогаш не е доцна“: Еден од нив е и Македонецот Бобан Цаневски

Дури тројца победници во „Никогаш не е доцна“: Еден од нив е и Македонецот Бобан Цаневски

Вечеравечер се одржа натпреварувањето на финалето на седмата сезона од популарното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.

Победниците од оваа сезона ќе добијат една песна како награда, како и реклама од страна на „Гранд продукција“.

По 10 месеци борба со музичките ветерани на големата сцена, стигнаа до највозбудливиот и најемотивниот крај.

Финалната вечер ја одбележаа настапите на 12 величествени натпреварувачи, но статуите на победниците можеа да одат само во рацете на најдобрите.

Годинешните победници беа избрани во три категории, па така победник на гласовите на Фејсбук е Дубравко Биондиќ – Дуба, кој заплака на сцената, додека нашиот Бобан Цаневски освои најмногу СМС гласови.

На крајот, стручното жири, кое го сочинуваа популарни пејачи од српската јавна сцена и кои гласаа по евровизискиот систем, ги подели своите гласови, поделувајќи им од 1 до 12 поени на натпреварувачите.

На крајот стручното жири по свое мислење и критериуми го прогласи Амер Ченгиќ Ченга за најдобар.

Она што е интересно е дека Ченг го имаше најинтересниот стајлинг од сите учесници. За оваа пригода избра шешир и тексас комплет,а јакната му беше ракопчана.

Новата сезона на популарната програма започнува во септември.

фото:Nikad nije kasno / Z. K. Munja

Останати вести од Радио Милева