Радио Милева
подготвена за баба

Драгана Мирковиќ никогаш поемотивна: Eве што кажа пејачката за нејзините наследници (фото)

Драгана Мирковиќ никогаш поемотивна: Eве што кажа пејачката за нејзините наследници (фото)

Огњен Амиџиќ во новото издание на емисијата „Амиџи шоу“ меѓу другите ја угости и пејачката Драгана Мирковиќ.

Огњен ги читаше „Прашањата од Инстаграм“, кои беа без влакна на јазикот, а таа никогаш поискрено не одговорила.

– Дали сте подготвена да бидете баба – праша водителот.

– О, да ти кажам, јас сум подготвена, но децата не се. Тие се уште се млади. Имам 56 години. Мојот син има 23 години, значи не е подготвен, а ќерка ми има 21 година, се уште не е подготвена – откри пејачката.

Да потсетиме, пејачката своевремено коментираше дека нејзините помлади колешки се интересираат за нејзиниот син.

– Јас не навлегувам и не го следам тоа. Син ми изгледа убаво, и тоа е во ред, но прво и основно е квалитетен млад човек. А девојките и треба да го сакаат. Што се однесува до колешките, не знам. Која и да влезе во неговиот живот е апсолутно добредојдена за мене, се додека е квалитетна и добара личност.

фото: Printskrin/Youtube/Dragana Mirković

Останати вести од Радио Милева