Радио Милева
Вреден и чесен

Долговите го натераа Панчо-ДНК повторно да работи како пица мајстор – „Кога си во долгови, нема срам од работа“ (фото)

Долговите го натераа Панчо-ДНК повторно да работи како пица мајстор – „Кога си во долгови, нема срам од работа“ (фото)

За време на пандемијата Ковид-19 поради рестрикциите, егзистенцијата на елементарната можност за живот и преживување, на многумина им беше загрозена. Многу професии престанаа да фунционираат, многу работи застанаа, се замрзнаа или згаснаа и се затворија, а една од најпогодените беше и естрадата.

Тогаш некои живееја од заштедата за црни денови, а други си го бараа чарето во работа која во тоа време беше неопходна или мораше да се има.

Владимир Блажев или попознат како Панчо-ДНК тогаш се реши да го „испече“ занаетот за пица мајстор и заедно со Огнен Здрвковски работеа во една скопска пицерја.

Е сега, старите не за џабе рекле дека штета од занает нема, па во новото време- невреме кое до снајде Панчо поради долгови, тој реши да се врати на старото место.

Чарето не му требаше многу време да го најде, бидејќи веќе искусен, веднаш им се врати на добро сткнатите техники од мајсторијата.

-Кога си во долгови нема срам од работа. А нема ништо подобро од чесна работа и чесно заработени пари. Држам смена од 14 – 18ч. Здраво моја стара љубов, напиша Панчо во описот на фотографијата каде приготвената пица ја става на печење.

Коментарите во знак на почит инстантно почнаа да се редат до недоглед, но тука беа и забелешките дека од работата нема стам, па и ако не си во долгови.

Други пак, му сугерираа да го изучи занаетот за правење бурек, затоа што тоа е далеку поплатено.

На Панчо во случајов, време за адаптација не му треба на старо –новата работа, а со позитивна мисла и песна, веруваме дека полесно ќе му оди. Пари се печалат, долговите се бришат, а чесноста ни останува за цел живот.

фото:Фејсбук принтскрин/Владимир Блажев

Останати вести од Радио Милева