Радио Милева
голем перфекционист

„Постојано се критикувам себе си“ : Ана Севиќ проговори за работата (фото)

„Постојано се критикувам себе си“ : Ана Севиќ проговори за работата (фото)

Ана Севиќ вели дека е голем перфекционист, па нема да се зафати со работа доколку не е сигурна дека тоа ќе го направи сто отсто посветено и добро.

Таа тврди дека е подготвена да биде цел ден на работното место, доколку тоа и е она што ѝ се допаѓа и сака.

-Никогаш ништо не правам половично и секоја работа сакам да ја работам сто проценти. Секогаш се обвинувам за нешто, јас сум некој кој е голем перфекционист. Секако, во емисија која трае четири часа, се случува некоја грешка, но тоа им се случува на светски познатите водители, а камоли на мене. Се е во ред. Сигурно ми се допаѓа што секогаш сум посветена на работата, затоа и секогаш работам нешто што го сакам, па тогаш не се ни чувствувам како да сум на работа. Тоа им го препорачувам на сите за да бидат успешни во тоа што го работат – изјавила Ана за Република.рс

Водителката на „Ѕвездите на Гранд“ раскажала и како и поминало првото снимање од емисијата што моментално ја води.

Оваа сабота за прв пат во животот гледав емисија во која гостувам или работам. Имав одлично чувство на снимањето и мислам дека се покажа затоа што кога сум таму се чувствувам како дома. Енергијата се излеваше од мене и едвај чекав да почнам да снимам и да уживам во секоја секунда. Многу ми е чудно што не разговарам со никого туку гледам во камерата. Имав поголема нервоза од натпреварувачите затоа што е многу чудно кога си дома четири години, имаше и корона вирус и никој никаде не оди, а во меѓувреме забременив и родив две деца за две години. . За мене тоа е огромна промена и морам да признаам дека излегов од мојата комфорна зона бидејќи се задушив во мојата семејна атмосфера – открила Ана.

Фото: printskrin/Instgaram/anasevicofficial

Останати вести од Радио Милева