Радио Милева

Добила отказ откако се вратила од меден месец: По седум години Кејт Мидлтон ја избрка својата лична асистентка

Добила отказ откако се вратила од меден месец: По седум години Кејт Мидлтон ја избрка својата лична асистентка
фото: rofimedia

По седум години, Кејт Мидлтон ја отпуштила својата лична асистентка Софија Агнев, прнеесуваат британските медиуми.

Софија и нејзиното семејство биле изненадени од одлуката на војвотката. Извори блиски на кралското семејство ги потврдија овие пишувања.

„Точно е дека Софија си замина.По разделувањето на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон од принцот Хари и Меган Маркл немаше потреба од нејзината улога. Таа нема да биде заменета“  вели извор и додава:

„Софија напорно работеше за Кејт, многу ја сакаше работата и се жртвуваше за неа“ вели еден од блиските пријатели.

фото: профимедиа

За Софија ова било уште поголем шок бидејќи добила отказ во лош момент, односно само што се вратила од меден месец.

„Само што се омажи и се врати од медениот месец,ја дочека веста за отказот. Сите се во шок бидејќи беше неочекувано. Мене тоа ми изгледа како кратење на трошоците“ вели пријател.

фото: Профимедиа

Софија како и Кејт дипломирала историја по уметност, а на Кејт и беше лична асистентка.

Софија често одеше на патувања со кралското семејство, а на прво службено патување се појави во 2014 година.

Софија не се огласи по овие пишувања, но нејзните блиски пријатели тврдат дека таа е жртва на затегнатите односи меѓу принцевите,  а Британците се сигруни дека за нивниот лош однос е крива Меган Маркл.

Останати вести од Радио Милева