Живот и Стил

Дневен хороскоп за четврток, 29-ти февруари 2024-та година

Дневен хороскоп за четврток, 29-ти февруари 2024-та година

ОВЕН
Не ризикувајте да се потпирате на чудо што ќе ве спаси од новите проблеми предизвикани од вашите постапки и ситуацијата во поширокото опкружување. Ќе блеснете со тоа што самите ќе ги решите. Верувајте во вашата интуиција. Оние од вас кои ќе предвидуваат, ќе уживаат во успехот и признанието.

БИК
Во вашата работа се наѕираат тешкотии, но и успеси, доколку не се решите да се откажете од активната работа, а потоа да приговарате и да се жалите колку вашите колеги се некоректни. Немате причина да се жалите дека не можете да ги исполните обврските, затоа што сте воспоставиле контакти со луѓе кои намерно се обидуваат да ви наштетат.

БЛИЗНАЦИ
Пред вас е ден полн со позитивни емоции и корисни активности. На работното место сте им го привлекле вниманието на сите колеги со задачата со којашто се справувате. Време е денеска сите невработени да најдат работа за да не патат од невработеност и сиромаштија.

РАК
Имате можност да го исполните сонот да се вклучите во проект кој со години чекавте да го испланирате. Почекајте го вашиот најдобар датум и направете го овој важен чекор. Успехот ќе ве следи ако не им верувате на луѓето кои целат кон вашиот неуспех. Обидете се да не ги навредите колегите, велејќи им дека не ја вршат својата работа.

ЛАВ
Имате шанса за нови професионални настапи доколку не се обидете да го заземете местото на вашиот колега и да го изместите на некоректен начин. Со овие ваши постапки го поткопувате сопствениот авторитет. Нема шанси да добиете кредит ако ве фатат како користите надворешно влијание.

ДЕВИЦА
Избегнувајте несакани познанства и комуникација со луѓе доколку имате чувство дека тие не ви одговараат. Подгответе се за многу канцелариски задачи кои успешно ќе ги надминете. Не потпирајте се на вашата среќа ако имате намера да ризикувате, за да не жалите за вложените пари.

ВАГА
Умерено сте активни, но сепак имате способност да се справите со работните задачи што ви се доделени, доколку не се налутите и не се жалите дека многу сте зафатени. Вашите претпоставени нема да бидат среќни ако одбиете да им помогнете на колегите. Не ризикувајте со инвестиции или нови понуди за работа.

ШКОРПИЈА
Немате желба да работите, бидејќи имате заостанати задачи кои не можете да ги одбиете. И покрај овој непријатен факт, кој е невозможно да се негира, на работното место ви оди одлично, но не сте сигурни во себеси. Не плашете се од тешкотии. Вашата работа е предизвик и ви носи успех и приход.

СТРЕЛЕЦ
Бидете внимателни во сите напори. Не донесувајте избрзани и непромислени одлуки. Обрнете внимание на новите деловни предлози само доколку тие ве привлечат и имаат потенцијал за професионален раст. Ограничете ги вашите контакти. Подгответе важни договори и финансиски документи за потпишување.

ЈАРЕЦ
На овој ден, во форма сте само попладне, и покрај тешкотиите на вашиот пат. Совршено се справувате со задачите и предизвикувате восхит, но и не мала завист кај колегите. Прифатете ја деловната понуда што ви е дадена. Искористете ја поддршката од влијателни познаници.

ВОДОЛИЈА
Доколку се исклучат некои лични проблеми кои ве депримираат, среќата е со вас. Ќе успеете дури и во ризични потфати, сѐ додека се осмелувате на тој чекор и без да се потпрете на никого. На тешкотии може да наидите само доколку иронично-зајадливи со вашите колегите.

РИБИ
Денот ќе ви биде еден од најуспешните месецов што истекува, на вас останува да не го трошите во безделни разговори или активности за губење време. Што и да одлучите да направите на крајот од месецот ви носи неочекувано високи приходи. Сите што сакаат да ја регистрираат својата компанија, можат да ги подготват документите уште денеска.

фото: printskrin/instagram/