Радио Милева
тажна вест

Длабока тага: Ненадејно почина познатиот актер кој сите ќе го паметат по улогата во „Ѕвездени патеки“

Длабока тага: Ненадејно почина познатиот актер кој сите ќе го паметат по улогата во „Ѕвездени патеки“

Гери Греам, познат по улогата во серијата „Ѕвездени патеки“, ненадејно почина на 73-годишна возраст. Телевизискиот актер почина во понеделникот, објави неговата поранешна сопруга Сузан Лавел.

„Со длабока и голема тага морам да кажам дека Гери Греам, мојот поранешен сопруг, извонреден актер и татко на нашата прекрасна единствена ќерка Хејли Греам, почина денеска“, напиша Лавел на Фејсбук.

Во серијата „Star Trek: Enterprise“, Греам го играше амбасадорот Совал.

Кариерата на Греам траеше пет децении, почнувајќи од 1970-тите на телевизија и во филмови, со најистакнатата улога како детективот Метју Сајкс во „Alien Nation“. Тој, исто така, глумеше во мини серијата „Scruples“ на „Си-би-ес“ и глумеше заедно со Брус Вилис во ТВ серијата „Moonlighting“.

фото:instagram printscreen/ therealgarygraham/ Facebook/ Back to 80s

Останати вести од Радио Милева