Живот и Стил

Длабински ја чисти кожата, а се подготвува од само 2 состојки: Маска за лице со која ќе имате блескав и рамномерен тен

Длабински ја чисти кожата, а се подготвува од само 2 состојки: Маска за лице со која ќе имате блескав и рамномерен тен

За вашата кожа да изгледа убаво и подолго време да го задржи младешкиот изглед, неопходна е секојдневна нега.

Дерматолозите, покрај кремите за хидратација, препорачуваат и редовно користење на маски за лице, а најдобри се оние кои се подготвуваат во домашни услови од природни состојки.

Лицето трпи големи последици поради штетните фактори. Сонцето, прашината, ветерот… сето ова го нарушува изгледот, па затоа овозможете ѝ закрепнување на кожата со оваа маска. Чистите пори гарантираат блескав тен, а кога ќе започнете да ја применувате оваа маска во вашата рутина за убавина, за брзо време ќе забележите драстична разлика.

За подготовка ви се потребни:

– 2 лажички овесни снегулки
– 1 лажичка сода бикарбона

Изблендирајте ги овесните снегулки во прав, а потоа додајте 1 лажичка сода бикарбона и неколку капки вода за смесата да се соедини. Бидете внимателни со додавањето вода за пастата да не стане премногу ретка.

Добиената паста нанесете ја на лицето и оставете ја да се исуши. По 20 минути измијте со млака вода, а претходно можете да направите и блага масажа на лицето.

Познато е дека содата е одлична за целиот организам, па така и за кожата. Маската делува како благ пилинг кој ги отстранува мртвите клетки и вишокот маснотии и ја намалува можноста за појава на акни.

Овесните снегулки ја омекнуваат кожата, а содата има благо антивоспалително и антисептичко дејство, па е одлична во овој период кога секојдневно носиме заштитни маски кои го иритираат лицето.

извор: кармин.точка.мк