Радио Милева
Одовде до вечноста...

Димче Арсовски стави крај на ергенскиот живот: Соња е убавицата што му го освои срцето на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО)

Димче Арсовски стави крај на ергенскиот живот: Соња е убавицата што му го освои срцето на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО)

Иако корона пандемијата се уште не е стишана, годинава тргнало на свршувачки… Уште во првите денови од jануари мириса на свадба. Oсобено кај младите политичари, кои последниве години важат за најпожелни ергени, зашто политиката некако стана ем најекспонирана, ем најдоходовна, па политичарите кај нас се поголеми ѕвезди и од оние естрадните.

Нејсе, први нога повлекоа портпаролите. И тоа не двете најголеми парии во Република Македонија за нас и за едните, Северна за другите.

На Костадин Костадинов, актуелен пратеник и портпарол на владеачката СДСМ, „Бог му пушти знак“ – како што самиот рече, па ја побара својата сакана Марија за жена, со дијамнатски прстен!

Како на Коста – Манулaќ, така и на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски – Димса оваа година исто така му започна среќно на приватен план.

Nа 17 јануари тој го прослави својот роденден. Неговата девојка Соња тогаш сподели фотографија од него на која Димса дува свеќички на славеничката торта и напиша:

„Среќен роденден љубов моја. Ти посакувам многу здравје и среќа, а желбите веќе ни се остварија“, му порача Соња на саканиот.

Но, среќата не заврши тука. Утредента Арсовски на социјалните мрежи го обзнани она што неговата девојка го наговести: Дека става крај на ергенскиот живот и дека ја побарал раката на Соња.

Фотографијата на која Димса ја држи  раката на Соња, на која во преден план блеска свршеничкиот прстен, кажува се’.

Дотогашниот ерген пак, само кусо појасни во описот: „Доста беше, до вечноста“, напиша  тој на социјалните мрежи.

За Димса важи дека е „златно дете“, но затоа пак и неговата свршеница е вистинска убавица со манекенска става и ангелски лик.

Налик на манекенките и моделите од насловниците на светските модни магазини. Инаку, Соња Тодорова по потекло е од Струмица и е основач на маркетинг агенцијата Дот Медиа.

Убавата вест и таа исто така ја сподели на социјалните мрежи.

„Роденденски подарок за мене или за него? За двајцата! До вечноста, љубов моја“ – напиша Соња на својот профил на социјалните мрежи, потврдувајќи ја убавата вест за свршувачката на среќната двојка.

Датумот на свадбата се’ уште не го обзнанија? Не барем јавно! Веројатно ќе почекаат малку да се стиша коронапандемијата и да се создадат услови за вистинска свадбена веселба со сите адети, по сите тертипи, онака како што прилега на една вистинска македонска млада двојка идни брачни другари и сопружници. Освен, ако не мора баш да се побрза…?!

Како и да е честитки и нека им е со среќа свршувачката!

Фото: Социјални мрежи – принтскрин

Останати вести од Радио Милева