Радио Милева
трета - среќа?

Девојката на Дарко Лазиќ е бремена: Барбара во блажена состојба или само пуста желба на пејачот? (ФОТО)

Девојката на Дарко Лазиќ е бремена: Барбара во блажена состојба или само пуста желба на пејачот? (ФОТО)

Дарко Лазиќ неодамна потврди дека е во врска со Барбара, а како што тврдат некои медиуми, причината за тоа е затоа што наскоро ќе открие добри вести. Имено, пејачот повеќе не крие дека е луд по колешката, и дека сака деца и брак со неа,  бидејќи е сигурен дека таа е жената на неговиот живот и  треба што поскоро да се ожени со неа.

„Штом Барбара му се пожали на Дарко дека не и е добро  од овие горештини или ќе му рече дека има вртоглавица, тој се моли на Бога да е бремена“ – објаснува извор близок до пејачот.

„Дарко навистина се заљуби, Барбара го разбира бидејќи и самата е пејачка, па затоа не му забележува и не го прекорува ако заглави по настапите, иако често е со него кога тој има тезги, бидејќи работат заедно. Некако најде мир со неа и мисли дека нема што да одолговлекува. Едвај чека таа да забремени и да ја ожени. Вели дека третиот брак е трета среќа, па дури и се фали дека штом ќе ја забремени, ќе и купи стан во Белград на вода или каде било, каде што таа ќе посака. И таа е луда по Дарко, некако се најдоа и се гледа дека се сакаат и се задоволни. Би било убаво Дарко да има среќен живот со неа. Се обиде и со Ана Севиќ и со Марина, но, за жал, не успеаја“ – заклучува изворот.

Фото: Инстаграм принтскрин/darkolazicofficial

 

Останати вести од Радио Милева