Промотер

Давид Темелков во битка со самиот себе во баладата – „Штом бидеш без мене“ (ВИДЕО)

Давид Темелков во битка со самиот себе во баладата – „Штом бидеш без мене“ (ВИДЕО)

Со завршувањето на двогодишното затишје во музичката индустрија заради коронапандемијата и со доаѓањето на пролетта, конечно на виделина излегуваат песните кои Давид со својот тим ги создаваше за време на lockdown-от. Овој пат по низата неколку енергични песни, Давид ни носи балада која не е само љубовна песна, туку песна со порака.

Да се пренесе на публиката искрена емоција преко љубовна песна не е нималку лесно, но за него тоа било само дополнителен предизвик. Како што вели и самиот оваа песна му прирасна за срцето на прво слушање и нетрпеливо го чекал денот кога ќе ја сподели со својата публика, па затоа и овој пат ја превзема одговорноста за режијата и сценариото.

„Со големо нетрпение чекав да ја споделам со вас оваа љубовна балада како и новиот видеоспот. Секој од нас во себе проживува борба помеѓу срцето и разумот, борба која не е нималку лесна ни едноставна. Во светот во кој живееме понекогаш е тешко да избереме што е исправно, не е едноставно да се одлучи помеѓу срцето и разумот и исто така верувам дека тоа не се само мои битки, туку и битки во секого од нас. Оваа песна ме заинтригира на прва и во мене разбуди слики кои ме инспирираа да ги преточам во спот бидејќи и самиот сум многу често во позиција да морам да победам во битката со самиот себе. Верувам дека во секого од нас се крие сила која се покажува во вистинскиот момент. Оваа песна е само потсетник и охрабрување дека ја имаме таа сила во себе и дека треба да ја искористиме“ – вели Давид заблагодарувајќи им се на соработниците и екипата која учествувала во реализцијхата на новиот проект.

„Голема благодарност на уште една убава и плодна соработка на нашите партнери и пријатели: Warrior Spirit, Cammeo Taxi, Pappar bistro & bar, Dicta, ELFS, Monte Caffe и Adriatic Scuba.<
За борбените кадри особено им заблагодарувам на момците од АСК DOGS и АТ WARRIORS за големата посветеност и професионалност!
Споделувајте, Лајкајте, Коментирајте, а јас пред сé се надевам дека ќе уживате!“
За каква песна и спот станува збор, дознајте во видеото што следува.