Промотер

Дарко – Спејко тргна во пејачки соло води да го покорува регионот со – „Caliente“ (ВИДЕО)

Дарко – Спејко тргна во пејачки соло води да го покорува регионот со – „Caliente“  (ВИДЕО)

Неодамна Вистина.ком.мк прва објави дека кумановскиот инфлуенсер, ријалити ѕвезда и машки модел Дарко – Спејко снимил песна и видеоспот и станува пејач.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/spejko-propea-solo-golemiot-brat-trgnuva-da-pravi-estradna-kariera-video/

Во меѓувреме покрај инфлуенсерството и ријалити излетите, Спејко беше дел од музичкиот мозаик на неколку познати естрадни фаци. И наши, македонски како на пример Тајзи, и оние од соседството,како Раста!

Сепак „Калиенте“ е првата соло песна на  Спејко, кој на македонската јавност и стана познат откако победи во регионалното реално шоу „Големиот брат“ и ја освои главната награда од 100.000 евра.

Спејко снимаше спот под вешто водената режисерска палка на искусниот уметнички фотограф и режисер на музико-комерцијални спотови Дарио Јанковиќ и неговото „Генерал филм студио“, во кој неизоставно одново е опкружен со раскошни убавици… Овој пат исклучиво македонски.

Имено, во спотот на симпатичниот кумановец „друштво“ му прават  згодните и атрактивни манекенки и модели Ана Брзанова и Јања Станојевиќ, додека улогата на главна „секси сењорита“ во видеото за „Caliente“ ја има македонската мисица и модел, Анѓела Јакимовска, која неодамна од Албанија се врати со награда.

Патем, Спејко за прв пат не само како соло артист,  туку се јавува и како автор на музиката и стиховите во неговото прво сопствено музичко остварување, додека аранжманот го направил Иван Јованов – Ивајо. Кореографијата во спотот е на Мерлина Мери Стојановска – Денс студио МАК, шминката на Тодор Тодороски и Нина Ивановска, а фризурата на Тодор Тодороски и Даниел Пауновски.

Спејко во „Калиенте“ пее на српски јазикк, што во старт кажува дека домашната сцена или многу малку или воопшто не го интересира, туку во старт акцентот е ставен на освојување на соседната српска естрада и евентуално регионот. Храбро и прилично ризично за еден почетник во музичкиот еснаф, особено за некој, кој колку и да е познат во соседството, сепак не е пејач.

По „Калиенте“ како ќе се развива естрадната пејачка соло кариера на „Големиот брат“ од Куманово, познат под прекарот Спејко, ќе видиме понатаму!? Почетокот засега ветува!

За да се уверите во кажаното и напишаното, проследете го видеото за „Калиенте“ на Дарко – Спејко во продолжение: