Радио Милева
кутлача наместо микрофон

Дарко Лазиќ се сети како да заработи, па трга со нов бизнис: Тој ќе биде главна ѕвезда, а сопругата Марина – помошничка (ФОТО)

Дарко Лазиќ се сети како да заработи, па трга со нов бизнис: Тој ќе биде главна ѕвезда, а сопругата Марина – помошничка (ФОТО)

Пејачот Дарко Лазиќ одлучи да започне нов бизнис, па отвори Јутјуб канал со неговата сопруга Марина, кој ќе се вика „Кујната на Дарко“. Тој откри дека, бидејќи сè уште не може да настапува поради коронапандемијата и заострените мерки, решил да ја претвори својата љубов кон готвењето во деловна активност, односно видео бизнис.

„Обожавам да подготвувам храна, па затоа решив таа своја страст да ја споделам со сите. Јас готвам многу вкусни специјалитети и можам да го направам тоа да биде интересно“ – изјавил Дарко  и открил дека се решил на овој потег затоа што во моментот „нема леб од музика“.

„Короната не вознемири и закочи сите и таа не застанува, па решив да се посветам на еден друг свој талент“ – ќе рече Дарко и открива дека ќе ги снима емисиите во неговата семејна куќа во Брестач.

Јас ќе бидам главен готвач, а Марина мојот асистент. Сè уште ги собирам сите зачини и ја опремувам кујната за снимањето. Искрено, навистина го чекам тој момент со нетрпение и едвај чекам да започнам со моите специјалитети. Строго нема да  следам рецепти, туку секогаш додавам нешто по мојот вкус, а во тоа е и шармот на моето готвење“ – објаснил Лазиќ.

Останати вести од Радио Милева