Промотер

Дарио со нова љубовна приказна ќе ви ги насолзи очите и разнежни душата со својата – „Молитва“ (ВИДЕО)

Дарио со нова љубовна приказна ќе ви ги насолзи очите и разнежни душата со својата – „Молитва“ (ВИДЕО)

Дарио Панковски по серијата успешни концерти има нова песна…

И тоа онаква, во негов, препознатлив латино стил, певлива и емотивна, која допира до сите сетила. Не бегајќи од она по што најмногу го препознаваат и оваа негова нова љубовна приказна  ќе ви ги насолзи очите и разнежни душата, зашто „Молитва“ е нешто што не е фикција, туку песна која кореспондира со секојдневието, со реалноста. Затоа и нема човек кој нема да се препознае себеси или некој свој близок, можеби познат  во неа, кој не ја доживеал истата или барем слична судбина. Најголемата љубов од разни причини да не му биде остварена, но никогаш да не ја  загуби вербата во неа. Зашто вистинската љубов, порано или подоцна, го наоѓа патот до срцето. Впрочем Дарио открива дека песната ја напишал според вистинска љубовна приказна.

„И самиот текст  е приказна за една искрена, безусловна и безвременска љубов, што, патем речено, е неверојатна вистинска приказна од овие простори, каде што човек минува половина живот чекајќи ја својата дамнешна љубов во ера без мобилни телефони, компјутери, камери и интернет и ја дочекува. Со еден збор, фасцинантно“, изјави кантавторот.

Дарио како и досега е самиот е автор на музиката и стиховите, а аранжманот е на неговиот речиси постојан соработник, Кристијан Габровски во чие студио и песната е снимена.

„Според првичните реакции на публиката, тоа се покажа како оправдана и вистинска одлука. Идејата беше да го донесам повторно овој звук во македонската музика, кој, патем речено, не сум го слушнал на нашата сцена во изминатиов период, но уште повеќе поради тоа што латино музиката е музика на љубовта, романтиката и сензуалноста. Токму ова ни е потребно сега повеќе од кога било, во ова ‘студено‘ време на материјализам, бескрупулозност и вештачка интелегенција“, ќе изјави поп пејачот за еден од македонските медиуми.

Комплетен автор на видеото е познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Дарио Јанковиќ, кој  успеал во своите кадри верно да ја долови оваа животна приказна во само три и пол минути.

Сликата апсолутно кореспондира со стиховите правејќи своевиден микс од аудиовизуелна љубовна сторија, која никого не остава рамнодушен. Напротив, во неа лежи таква бура од емоции, што ќе ве наежи!

Главните ликови во видеото ги играат професорката Тања Алексиќ и Марјан Бранко, а ликовите од детството се Матеа Јовановска и Никола Кузманоски. Спотот е во продукција на  „Генерал филм студио“, а како сето тоа звучи и изгледа проследете во видеото за „Молитва“.