Радио Милева
сложни „сестри“

Дали е можно: Мелита и Накова (да) си го делат меѓу себе? (ФОТО)

Дали е можно: Мелита и Накова (да) си го делат меѓу себе?  (ФОТО)

Македонските убавици, едната некогашна ТВ водителка, другата топ модел и манекенка, Мелита Ракичевиќ и Александра Накова очигледно се многу блиски. Двете се дружат приватно, па случајно или намерно  понекогаш викендите ги поминуваат заедно… Меѓудругото и на море. Како на пример во Грција, во Неа Потидеа на Халкидики.

И како што е редот, додека  двете сирени ги впиваа сончевите зраци кои го навестуваат долгото жешко лето, „некој трет“ беше задолжен за овековечување на моментот! Барем на оние моменти што е дозволено да ги видат сите, иако… никогаш не се знае!  А каде на друго место ако не на  социјалните мрежи се разбира, на кои и Накова и Мелита се многу активни и постојано постираат нови фотографии.

Позирањето на обете им е во крвта, па не им беше тешко што одделно, што заедно да ја распостелат сета своја телесна раскош и убавина… „Како две сестри од различна мајка“ – што би рекла самата Накова!

Згодни, стројни, бујни, пожелни… со сочни облини што мамат воздишки, одделно или заедно македонските трендсетерки го  разубавуваа беломорскиот брег во различни пози, на различни локации, во различни комбинации секси костими за капење. Или можеби ова последново не е баш така?

Имено на една од фотографиите убаво се гледа дека Накова испружена на лежалката за сончање на себе има дводелно црвено бикини…

Веќе на следната фотографија, каде што обете позираат на приватната плажа, двете македонски сирени на себе носат различни костими… Накова во едноделен, син со длабоко деколте, а Мелита… ист како нејзината „сестра од друга мајка“ претходниот ден: дводелно црвено бикини…!!?

Па, белким не е истиот!? И тој и оној другиот, едноделниот, црвен со патент во средината?

Или можеби Александра и Мелита сепак си делат меѓу себе и работи што не ги знаеме?

А кога сме веќе кај овие што ги дознавме, самите процените, па одлучете на која истиот костим и стои подобро? И на која со задоволство би и’ го… препорачеле едноделниот, а на која дводелниот?

Останати вести од Радио Милева