Промотер

„Bye for now“ со виодео спот од Благој Ламјов (видео)

„Bye for now“ со виодео спот од Благој Ламјов (видео)

Десеттата песна од албумот „ Nostalgic Love“ на велешанецот Благој Ламјов, насловена како „Bye for now“ или во превод „Збогум за сега“ после четири години од издавањето доби видео запис.

Според Ламјов луѓето кои што го слушаат неговиот албум, музиката ја чувствуваат некаде длабоко во себе и не им е потребен спот за да конзумираат убава музика. Тој додава дека спотот само им смета при слушањето, па затоа и четири години немал снимено видео запис. Во разговорот за Дума.мк тој ја откри и причината за снимање на истиот.

– Не планирав да правам типичен спот затоа што тоа не е мој стил и не се совпаѓа со мојот албум. Затоа е вака минималистички. Не сакав да не дозволам да спотот го превземе просторот и да доминираа пред музиката туку сакав да делува само како еден мал украс во стилот на целиот албум. А што се крие… Па едноставно кажано, видеото е подарок за некого, како што е всушност и целиот мој албум “Nostalgic Love”, рече Ламјов .

Видео записот за песната „Bye for now“ е снимен во Шведска, додека идеајата за изгледот е на Ламјов. Дизајн на светлото е самата видео продукција, Marcus Lundgren Production.