Радио Милева
повторно во игра

Бритни Спирс се врати на Инстаграм со соопштение откако и пратија полиција: „Овој пат се претера!“ (фото)

Бритни Спирс се врати на Инстаграм со соопштение откако и пратија полиција: „Овој пат се претера!“ (фото)
фото:бритни спирс/инстаграм/принтскрин

Загрижените фанови пред неколку дена и пратија полиција во домот на пејачкта Бритни спирс поради загриженост бидејќи го избриша својот Инстаграм профил.

Пејачката Бритни Спирс се огласи на социјалните мрежи по веста дека полицијата ѝ дошла на врата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by River Red (@britneyspears)

Како што соопштила, тоа било шега на фанови, но им порача дека овој пат претерале.

„Како што сите досега веројатно знаете, полицијата ми дојде на врата затоа што некој решил да се нашали. Ги сакам моите обожаватели, но овој пат отидоа предалеку бидејќи ми беше нарушена приватноста“, започна Бритни.

„Полицијата никогаш не ми влезе дома, дојде до вратата и, кога видоа дека нема никакви проблеми, веднаш си заминаа. Меѓутоа, кога си заминаа, се почувствував изманипулирана и малтретирана бидејќи моето име уште еднаш беше влечено по насловните страници на медиумите и тоа во грд контекст. Во овој период од мојот живот сакам само јавноста и моите обожаватели, кои толку многу се грижат за мене, да ја почитуваат мојата приватност“, заклучи пејачката.

фото:Инстаграм принтскрин/Твитер

Останати вести од Радио Милева