Радио Милева
не е време за дует

Братот на популарната пејачка призна: „Ја молев Рада за дует, ама таа ме одби“! (ФОТО)

Братот на популарната пејачка призна: „Ја молев Рада за дует, ама таа ме одби“! (ФОТО)

Братот на пејачката Радмила Рада Манојловиќ, Ненад вели дека неколку пати инсистирал да сними заедничка песна со сестра му, но таа го одбила и рекла дека не е време за дует.

„Сакав дует со Рада. Не дека немаше обиди, на почетокот бев поупорен, а таа рече: „Чекај да дојде вистинска песна, не можеме да снимиме било што“. После тоа, таа најде песна кога јас отидов во „Ѕвезда Гранда“, но воопшто не ми се допадна. Многу е тешко да се направи песна за брат и сестра која би била интересна. Јас и Рада имаме ист татко, но никогаш не сме живееле заедно. Сам се борам за себе и за својата кариера“ – откри Ненад и додаде дека не очекувал многу од Рада да му помогне, бидејќи се смета себеси за талентиран и добро се снаоѓа и сам:

„Генерално, мислам дека не ми треба некаква помош. Мислам дека имам доволно талент од Бога за сам да се снајдам. Едноставно се случи да сум брат на Рада Манојловиќ, која веќе беше голема ѕвезда, а тоа им се случува и на другите. Марија Шерифовиќ, на пример, имаше голем проблем бидејќи е дете на позната пејачка и сите имаа голем проблем да излезат од сенката на родителите, браќата или некој од семејството кој веќе направил голема кариера. Тоа може да биде и олеснителна и отежителна околност“.

Да потсетиме, пејачот Ненад Манојловиќ во една прилика призна дека ретко се гледа со својата сестра Рада, но и покрај обврските кои и попречија на нивната семејна врска, тие се  поддржуваа еден со друг, но што влијаело на заладувањето на нивните односи остана да дознаеме.

Фото: Инстаграм принтскрин/nenad.manojlovic.official/radamanojlovic

 

Останати вести од Радио Милева